Централен нервен систем и физиологија на човекот: Мозок, рамнотежа и хормони
Централен нервен систем и физиологија на човекот
К6
1. Структура на нервниот систем
Големиот мозок – телencefalon, меѓумозокот – диencefalon, малиот мозок – cerebellum, мозочното стебло – mesencefalon, понс и medulla oblongata. Тие се состојат од два дела: соматски – регулира функции на скелетните мускули и вегетативен (автономен) – регулира функции на внатрешните органи.
2. Тубуларна реапсорпција
3. Ексцитаторна каскада
Еден фотон активира електрон во 11-cis-ретиналниот дел на родопсинот и создава метародопсин II. Метародопсин II активира трансдуцин – неактивен протеин во мембраната на дисковите и клеточната мембрана на стапчињата. Трансдуцинот активира многу молекули на фосфодиестераза. Тој ензим понатаму хидролизира cGMP, кој во услови на мрак е врзан за протеински натриумски канали, а при светлина овие канали се затворени. И на крајот, родопсин киназа од стапчињата го инактивира родопсинот и целата каскада се враќа во нормална состојба со отворање на натриумските канали.
4. Осетно и неосетно губење на вода
Осетното губење на вода се одвива преку потење – 100 мл, преку столица – зависи од начинот на исхрана, перисталтиката на цревата може да се зголеми при дијареа и проливи, преку урина – 1500 мл, но може да се изгуби до 20 л.
Неосетното губење на вода се одвива преку кожа – 350 мл. Рожнатиот слој со холестерол претставува заштита од прекумерно губење на вода. При опекотини може да се изгуби до 5 л, преку респираторен систем со дишење.
5. Регулација на ацидобазната рамнотежа
- пуферски систем на телесни течности (прва одбрамбена линија која делува во секунда по промената на ацидобазната рамнотежа)
- респираторен систем
- уринарен систем (бубрезите – најдоцна реагираат, но се најмоќен регулаторен систем)
За одржување на ацидобазна рамнотежа неопходни се три контролни системи: пуферски систем – прв делува, со должина на врзувањето на пуферите; респираторен – исфрла повеќе јаглерод диоксид, со што се намалува концентрацијата на водородни јони и pH расте; и уринарен систем – најмоќен излачувач на киселини, последен делува.
6. Функција на цереброспинална течност
- а) Механичка, односно заштитна улога – при што обезбедува амортизација на надворешни механички влијанија врз мозокот и спречува настанување на повреди;
- б) Пренос на материи од мозочното ткиво до крвотокот и обратно (производи на метаболизмот, лекови, патолошки производи);
- в) Одвод на ЦСТ кон венскиот систем.
7. Акомодација во темно
Ако едно лице помине подолго време во темно, ретиналниот опсин во фоторецепторите се претвора во фотосензитивна материја, витамин А повторно минува во ретината создавајќи дополнителни количини фотосензитивен пигмент, чија крајна количина ја одредува количината на опсин во фоторецепторите.
8. Дејство на глукагон
Метаболизам на глукоза – го зголемува нивото на глукоза во крвта, стимулира гликогенолиза во црн дроб, инхибира депонирање на триглицериди во црн дроб, ја зголемува силата на миокардот, ја зголемува протокот на крвта низ периферните ткива особено низ бубрезите, ја зголемува секрецијата на жолчката, инхибира секреција на HCl во желудникот.
9. Хиперкалцемично дејство на паратхормон
Паратхормонот ја зголемува концентрацијата на калциум во крвта. Има три таргет органи преку кои постигнува физиолошки ефект:
- Коски – каде што ја зголемува апсорпцијата на калциум и фосфати;
- Бубрези – каде што ја зголемува реапсорпцијата на калциум и екскрецијата на фосфати;
- Црева – каде преку активација на витамин D, ја зголемува апсорпцијата на калциумот.