Пазарен систем во Македонија: Улогата на пазарот и државата

Design and engineering38.09 KB

1. Пазарен систем

Крајната граница на производните можности ги претставува сите можни комбинации на стоки и услуги што општеството може да ги произведе ако ресурсите се користат целосно и ефикасно.

За илустрација на функционирањето на пазарниот систем ќе биде разгледан развојот на брзата храна во САД.

Наместо тие да ги јадат трите оброци на ден во својот дом, семејствата почнаа да одат во ресторани барем еднаш за некое време (неделата). Во 1980-тите луѓето се определуваа да поминуваат повеќе време во својот дом, така што побарувачката за ресторани опадна и беше заменета со побарувачка за храна што се расеува по домовите. Се проширија разнесувањето на храна; Domino’s Pizza и неколку други ресторани за брза храна ја разнесуваа храната дома.

Целта на оваа приказна не е McDonald’s или Pizza Hut или Domino’s Pizza, туку навистина potrošuvačot.

Зошто потрошувачот поседува таква сила?

Името на играта што ја игра фирмата е профит, и единствен пат тие да создадат профит е преку задоволување на потребите на потрошувачите.

Потрошувачот, не политичарот или фирмата, на крајот определува што ќе се произведува и по која цена.

Потрошувачката суверенитет – авторитетот на потрошувачите определува што ќе се произведува, преку нивното купување на стоки и услуги, тој диктира кои стоки и услуги ќе бидат произведени.

Економистите ги класифицираат ресурсите во четири општи групи: (1) земја – рента, (2) труд – плати, (3) капитал – камата и (4) претприемачка способност – профит. Ресурсите се движеа од една активност каде што нивната вредност беше релативно ниска, кон друга каде што имаа повисока вредност. Притоа, никој не даваше наредба за нивното движење, односно тие се движеа бидејќи можеа да заработат повеќе во некои други активности.

Адам Смит го објасни овој феномен преку невидливата рака, која ги води ресурсите кон нивна најдобра вредносна употреба. Таа невидлива рака е сопствениот интерес, кој ги движи:

  • (1) фирмите да произведуваат она што потрошувачите сакаат да го купат, наведувајќи ги
  • (2) потрошувачите да ги користат нивните ограничени доходи за купување стоки и услуги што ним им носат најголема сатисфакција, а истовремено наведувајќи ги
  • (3) сопствениците на ресурси да ги понудат ресурсните услуги онаму каде што тие имаат највисока вредност.

Општеството преку пазарниот систем открива кои стоки и услуги потрошувачите сакаат да се произведуваат со најниски трошоци.

Побарувачката на потрошувачите диктира што да се произведува, а сознанијата добиени со испитувањето за профитот определуваат на кој начин стоките и услугите ќе бидат произведени.

За кого стоките и услугите се произведуваат, односно кој ги добива стоките и услугите? Низ ги добиваат оние кои се способни да платат за тие производи. Нашите доходи ја определуваат нашата способност за плаќање.

Од каде доаѓа нашиот доход? Доходот се добива со продажба на нашите ресурсни услуги.

Постојат силни врски меѓу секторите на економијата, кои се класифицираат во три сектори, и тоа:

  • купувачи и сопственици на ресурси во секторот на домаќинствата;
  • продавачи или деловни фирми во бизнис секторот; и
  • домаќинства и фирми од други, кои ги сочинуваат меѓународниот сектор.

Овие три сектори – домаќинствата, деловните фирми и меѓународниот сектор ги сочинуваат приватниот сектор на стопанството.

2. Приватен сектор

a) Домаќинства

Домаќинството содржи едно или повеќе лица кои живеат во еден станбен простор. Единица станбен простор може да биде куќа, апартман или дури една соба во која одвоено живее домаќинството.

Тоа може да содржи семејно поврзани членови, како што се татко, мајка и деца, или пак може да го сочинуваат несемејно поврзани индивидуи, како што се тројца колеги-студенти кои го делат апартманот.

b) Деловни фирми

Деловната фирма е деловна организација контролирана од еден менаџмент. Тие можат да бидат организирани како сопствена фирма, партнерство или корпорација.

Сопствената (инокосна) фирма е деловна организација во сопственост на едно лице. Сопственикот ги прима сите профити и е одговорен за сите долгови што настануваат со работењето на фирмата;

Партнерството е деловна организација во сопственост на два или повеќе лица кои ги делат и профитот од бизнисот и одговорноста за загубата на фирмата. Партнери можат да бидат индивидуи или правни лица;

Корпорацијата е деловна организација чиј идентитет во очите на законот е јасно определен од идентитетот на нејзините сопственици. Корпорацијата е законски идентитет во сопственост на акционери, чии обврски за загубата на фирмата се ограничени со вредноста на акциите што ги поседуваат од конкретното акционерско друштво.

в) Меѓународен сектор

Денес странските купувачи и продавачи имаат значаен ефект и влијание на економските услови во Република Македонија.

Националните економии во светот во основа можат да бидат поделени во две категории: индустриски земји и земји во развој. Светската банка ги групира земјите според процентираниот БДП за 2010 година: ниско-доходовни економии се оние со per capita од $1.005 или помалку од тоа;

Средно-доходовни економии се поделени во две групи, и тоа ниско-средно-доходовни земји со доход per capita од $1.006 - $3.974, и втората група на високо-средно-доходовни земји со доход од $3.975 - $12.275.

Висо-кодоходовните економии (извозниците на нафта и високо-развиените земји) имаат per capita доходи повисоки од $12.276;

Просечниот доход во сите земји со висок доход во 2010 година изнесуваше $38.658, додека во земјите со среден доход тој просек изнесуваше $3.764, а во земјите со низок доход просекот беше $500.

3. Улогата на јавниот сектор во пазарниот систем

Сите – потрошувачите, фирмите, понудувачите на ресурсите – се обидуваат да добијат најголема корисност со минимални трошоци.

Секоја група има свој интерес и однесување, една група не може да направи подобра понуда без да ги направи понеповолни понудите на другите две групи.

За фирмите се вели дека работат ефикасно кога произведуваат даден квантитет и квалитет на производи по најниски можни трошоци.

За потрошувачите се вели дека се ефикасни кога ги користат ретките ресурси за добивање највеќи корисности.

Кога едно лице не може да создаде подобра понуда без да повреди некој друг, тогаш се вели дека преовладува економска ефикасност.

Економската ефикасност се случува во пазарниот систем едноставно преку користољубието на индивидуалните акции на учесниците во тој систем.

Владините институции играат значајна улога во стопанството на РМ, а тоа влијание е golemo и во другите пазарни економии. Зошто, владините институции играат таква голема улога?

Постојат две оправдувања:

  • Едното е засновано на случаи каде што пазарот не може секогаш да резултира со економска ефикасност;
  • Второто е засновано на идејата дека луѓето кои не ги сакаат пазарните резултати ги користат владините институции за промена на резултатот.

Пазарот е место или сервис што дозволува купувачите и добавувачите да ги разменат информациите што ги имаат за производот.

Луѓето не се среќни да бидат совршено информирани, никој не сака да има исти информации.

Кога информацијата не е совршена, постојат несовршени пазари, а како резултат на тоа не можат да се користат комбинациите за најниски трошоци на ресурсите или ресурсите нема да бидат користени онаму каде што тие имаат највисока вредност.

Владините институции да преземат чекори со кои ќе се обезбедат правила и регулации што ќе предвидат соодветен износ на информации што мора да бидат дадени.

Владините институции преземаат акции против фирмите или поттик-ите за неучесни или илегални постапки, односно издаваат лиценци за фармацевтите, медицинските доктори, правниците и др.

4. Економската улога на владата

Монополите, загадувањето на човековата средина и дискриминацијата се болести на современите пазарни стопанства, така што laisser-faire пристапот не е ефикасно средство за овие болести.

За решавање на овие недостатоци на пазарниот механизам е создадена „видливата рака на владата“ во мешовитите стопанства со основање определени јавни претпријатија, со владина регулација во некои индустриски гранки, со трошење државни пари за научни истражувања, со редистрибуција на дохидите меѓу граѓаните и др.

Интервенциите на владата во стопанството значат промовирање поголема економска ефикасност, зголемување на еднаквоста меѓу граѓаните и стабилизирање на основните макроекономски агрегати, односно се идентификуваат три основни функции на владата и тоа:

  • Ефикасност – владата настојува да ги коригира грешките на пазарот, како што се на пример: несовршената конкуренција (монополите) и загадувањето на човековата средина наспроти високите профити, од една страна, и да го охрабри производството на јавни добра (стоки), од друга страна;
  • Еднаквост – владата, користејќи ги даноците и буџетските расходи, врши редистрибуција на доходот меѓу граѓаните кога општеството произведува сиромаштија или создава дискриминација меѓу определени општествени групи; и
  • Стабилност – владата, со стабилизациона политика, се обидува да ги нивелира врвовите и подовите на стопанските циклуси, редуцирајќи ја невработеноста и инфлацијата и промовирајќи економски развој.

Кои се позначајните економски задачи што владата ги извршува во современите стопанства? Во основа постојат четири економски задачи, и тоа:

  • Формирањето на нормативниот систем за пазарно стопанство;
  • Определувањето на макроекономската стабилизациона политика;
  • Дејствувањето во правец на алокација на ресурсите за унапредување на стопанската ефикасност; и
  • Формирањето на програми што влијаат на дистрибуцијата на доходот.

Владина прва задача е поставувањето на нормативниот систем, односно формирањето правила на економската игра водена од домаќинствата, фирмите и секоја влада.

Овие правила во себе ги вклучуваат определувањето на сопственоста, законите што се однесуваат на договорите и работењето на претпријатијата, меѓусебните обврски на трудот и менаџментот, и меѓусебните интеракции на различните членови од општеството.

Каков и да е изворот на овие закони и обичаи на правниот систем, тие се многу влијателни врз економските активности. На пр., во 19. век, фирмите не беа одговорни за настанатите повреди при работата на работниците, но во 20. век трудовото право е конвенција.

Втората економска задача на владата е определувањето на макроекономската стабилизациона политика.

Современите влади се обидуваат да ги избалансираат стопанските циклуси, превентивно дејствувајќи на хроничната невработеност, економската стагнација и брзиот раст на цените, односно инфлацијата.

За таа цел се користат два основни инструменти: монетарната политика и фискалната политика.

Третата основна економска задача на владата е да помогне во постигнувањето на општествено најповолната алокација на ресурсите.

Бидејќи пазарот не е совршен, некои групи или региони систематски се дискриминирани од него, така што владата презема активности за отстранување на пазарните недостатоци, и тоа:

  • кога монополите и олигополите ги исфрлаат фирмите надвор од нивната работа (бизнисот), владата применува антитрустовска политика или регулација, или ги растура големите фирми;
  • во услови на постоење значајни загадувања или многу мали инвестиции во науката и инженерството, таа презема мерки да ја заштити природата или да ја унапреди базичната наука;
  • кога некои групи постојано се дискриминирани или се исклучени од високо платени работи, владата решава и презема акции да се отстранат сите бариери меѓу неконкурентните групи.

Невидливата рака – пазарот, поради своите недостатоци, создава голема нееднаквост или неfer примарна распределба на доходот.

Ублажувањето на нееднаквоста меѓу луѓето е четвртата задача на владата. Во рамките на laisser-faire луѓето се обогатуваат или осиромашуваат, во зависност од нивните наследена остроумност или богатство, од нивниот талент и недостатоци, од цената на нивната квалификација или од среќа во игрите на среќа.

За некои луѓе дистрибуцијата на доходот не е праведна, особено во услови на нерегулирана и несовршена конкуренција. Во сиромашните општества, вишокот на доход е мал за истиот да биде поделен на несреќните, за разлика од богатите држави во Северна Америка и Западна Европа.

5. Директни трансакции

Тековните трансакции меѓу резиденти и нерезиденти се слободни, а капиталните трансакции меѓу нив во основа се слободни, освен ако со закон поинаку не е утврдено.

Резидентите можат да имаат странски платежни средства на девизни сметки или како девизни влогови кај банките во РМ, овластени согласно со Законот за банки.

Едностран трансфер на средства е пренос на средства од странство во РМ и од РМ во странство (не се тековни или капитални трансакции) меѓу резиденти и нерезиденти.

Едностраните трансфери се јавуваат како:

  • лични трансфери на средства; и
  • физички трансфери на средства.

Личните трансфери на средства се преноси на средства од РМ и во РМ врз основа на (1) семејни заеми, (2) подароци, (3) мираз, (4) наследства, (5) завештанија, (6) намирување на долгови на наследник кон матичната земја, (7) пренос на средства на иселеник во странство, (8) игри на среќа и (9) заштеди на вработени лица во Република кои не се резиденти.

Физички трансфери на средства се преноси на платежни средства, монетарно злато и хартии од вредност од РМ и во РМ.

Капиталните трансакции подетално се нормирани од законодавецот и заслужуваат поголема елаборација:

а) Директни инвестиции

Директни инвестиции се вложувања со кои инвеститорот има намера да воспостави трајна економска поврзаност и/или да оствари право на управување со трговското друштво или друго правно лице во кое инвестира.

Како директни инвестиции се сметаат:

  • основање на трговско друштво или зголемување на основната главнина на трговското друштво во целосна сопственост на инвеститорот, основање подружница или стекнување целосна сопственост над постоечкото трговско друштво;
  • учество во новоформирано или веќе постоечко трговско друштво, ако инвеститорот со тоа поседува или се здобива со повеќе од 10% учество во основниот капитал на трговското друштво, односно повеќе од 10% од правото на одлучување;
  • долгорочен заем со период на достасување од пет и повеќе години, кога се работи за заем од инвеститорот и кој е наменет за трговско друштво во негова целосна сопственост; и
  • долгорочен заем со период на достасување од пет и повеќе години, кога се работи за заем наменет за воспоставување трајна економска поврзаност и ако е даден меѓу економски поврзани субјекти.

Резидентите и нерезидентите се должни секоја директна инвестиција во странство да ја пријават кај Министерството за економија. Преносот на добивката, преносот на финансиските средства добиени со отуѓување и продажба на сопствички дел во директната инвестиција, како и преносот на остатокот од ликвидационата маса е слободен.

б) Вложување во недвижности

Резидентите не можат да вложуваат во недвижности во странство, освен дипломатските, конзуларните и другите претставништва на Македонија во странство до истекот на првата етапа од Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ.

Додека нерезидентите и подружниците на странските трговски друштва во Македонија можат да вложуваат во Македонија под услови определени со посебен закон или ратификувани меѓународни договори.

Резидентите и нерезидентите, кои се стекнале со недвижности во странство или во Македонија, се должни да го пријават вложувањето во недвижност кај Министерството за финансии.

в) Работи со хартии од вредност

Се либерализираат услови за издавање и воведување домашни ХВ во странство и вложување на резиденти во ХВ во странство, а исто така и за издавање и воведување странски ХВ во Македонија и вложување на нерезиденти во ХВ во Македонија.

По истекот на првата етапа од Спогодбата со ЕУ, граѓаните и претпријатијата ќе можат слободно да вложуваат во ХВ во странство.

Работи со хартии од вредност се трансакции:

  • со хартии од вредност на пазарот на долгорочни ХВ и пазарот на пари и краткорочни ХВ, вклучувајќи ги и
  • трансакциите со документи за удел во инвестициски фондови, кои не се дефинирани како директни инвестиции.

Резидентите се должни секоја трансакција на издавање и воведување домашни ХВ во странство претходно да ја пријават кај Комисијата за ХВ.

Резидентите можат да вршат упис, да уплатуваат и да тргуваат со ХВ во странство само преку овластен учесник на пазарот на ХВ.

Овластените банки, во свое име и за своја сметка, можат да купуваат и продаваат ХВ во странство.

г) Кредитни работи

Претпријатијата и банките можат да земат кредити од странски банки или странски компании.

Домашните банки можат да одобруваат кредити на домашни субјекти во странска валута, наменети за плаќање на увоз на стоки или услуги или за намирување на други тековни обврски кон странство. Кредитните работи се трансакции на склучување договори за кредит или договори за заем, кои можат да бидат: комерцијални; и финансиски кредити.

Емствата и гаранциите се сметаат за кредитни работи.

Комерцијалните кредити се кредити непосредно поврзани со меѓународниот промет на стоки и услуги, при што еден учесник е резидент.

Финансиски кредити се сите кредити кои не се дефинирани како комерцијални кредити.

Овластените банки можат да склучуваат кредитни работи со нерезиденти во свое име и за своја сметка или во свое име и за туѓа сметка.

д) Депозитни работи

Депозитни работи се трансакции што произлегуваат од договорот за тековна или депозитна сметка меѓу нерезидент и резидент-овластена банка или меѓу резидент и нерезидентна финансиска институција.

Се дава можност домашните претпријатија да имаат странски платежни средства на девизните сметки во банките во Македонија и неограничено да ги држат средствата на девизните сметки.

Резидентите можат да отвораат и да имаат сметки во странство, меѓутоа НБРМ ги пропишува начинот и условите под кои резидентите кои не се овластени банки можат да отвораат и да имаат сметки во странство.

По истекот на првата и втората етапа од Спогодбата со ЕУ, домашните претпријатија ќе можат слободно да отворат и држат девизни сметки во странски банки.

е) Трансфери кои произлегуваат од осигурување на живот и кредитно осигурување

Трансфери кои произлегуваат од осигурување на живот и кредитно осигурување се трансакции што настануваат врз основа на договор за осигурување склучен меѓу нерезидент (осигурувач) и резидент (корисник), и обратно, меѓу резидент (осигурувач) и нерезидент (корисник).

Download

PDF Word HTML